Последен ден со сонце, се до...

beautiful-fall-dayДенеска е сабота, 15 ноември, 319-от ден во 2014 година. До крајот на годината остануваат уште 46 дена.

Денот трае девет часа и 53 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во шест часот и 21 минути, а заоѓа во 16 часот и 14 минути.

Месечината заоѓа во 12 часот и 33 минути и нема повторно да изгрее во ова деноноќие.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне ќе дува слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 14 до 19 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно. Изутрина ќе има услови за слаба магла, а во текот на денот повеќе Сонце. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Од утре до среда ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и појава на магла по одделни котлини. Температурата ќе биде без големи промени.

Коментари

Популарно