Тешка сообраќајка кај Охрид: Еден загинат еден се бори за живот

Уште една фатална сообраќајка во Македонија. Овоја пат во близината на Охрид, на патот Охрид-Кичево.

soobrakajka-ki-gs

Едно лице го загуби животот во тешкатa сообраќајна несреќа која се случила денеска околу 17 часот на магистралниот пат Охрид–Кичево кај селото Песочан. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило уште едно лице, кое е пренесено во охридската болница.

Според првичните информации од СВР Охрид, во несреќата учествувале патничко моторно возило „Сеат“ и патничко моторно возило „Алфа Ромео“ и двете со охридски регистарски таблички. Причините за несреќата сеуште се непознати.

Во моментов се врши увид на местото на несреќата, а возилата на магистралниот пат се пропуштаат наизменично.

Коментари

Популарно