ФОТО: Еве како изгледа Даниел со имиџ како Бали Бег

Daniel-Kajmakoski-650x432

Нашиот евровизиски претставник, Даниел Кајмакоски, веднаш по победата на „Скопскиот фестивал“ замина за Белград на снимањето на спотот за носечката песна за филмот „Ќе бидеме светски прваци“.

10808376_10152483053040918_907784218_n-487x650

Музиката за песната е на Kики Лесендриќ, фронтменот на „Пилоти“, кој беше член на жирито во шоуто „Х-фактор“.

Со оглед на тоа дека дејството на филмот се одвива во 1970-та година, затоа не е изненадувачки тоа што стајлингот на Даниел е сосема поинаков. Со мустаќите кои обично не му се толку изразени, неодоливо потсетува на популарниот Бали Бег од серијата „Величествениот“.

Bali-beg-sezona-3_01-e1365062953743-640x320

Мора да признаете, изгледа навистина интересно и му стои. Даниел денеска се врати во Македонија по престојот од само ден и половина во Србија, каде ќе почне со евровизиските подготовки.

10808054_10152483053115918_960493510_n-650x487

10806879_10152483052870918_608908216_n-650x487

Коментари

Популарно