Исповед на 26-годишна девојка: Зошто уште сум невина?

Доколку за нормално се подразбере она што го прави поголемио дел од луѓето, оваа 26 годишна девојка сигурно нема да го исполни тој услов. Нејзината приказна и одлука делуват екстремни.

naslovna32

Имам 26 години и сум високообразована, имам добра работа, преубав стан и немам долгови. Опкружена сум со добри пријатели, имам семејство кое ме поддржува и јасна слика за тоа која сум и каде одам. Според некои стандардни друштвени мерила, поприлично сум успешна личност. Сепак, кога ќе дојде моментот на момчето со кое сум излегла да му кажам дека се уште сум девица и дека секс не доаѓа предвид, одеднаш во очите на светот станувам несигурна и чудна, вели оваа 26-годишна девојка.

Признава дека неколкупати била вљубена и во врски, но тие никогаш не станувале доволно сериозни и секс не доаѓал предвид. Во средно училиште и на факултет главно имала улога на пријателка која дава љубовни совети на другите девојки, па и на момците.

Едно момче, со кое работите се одвивале во насока на врска, па и секс, ја изневерило. Односно излегло дека тој веќе има девојка.

„Разочарувањето можеби е една од причините. Друга е тоа што сум христијанка. Не можеби во радикална смисла, но воспитана сум со став дека сексот е нешто што се случува исклучиво во брак„, објаснува таа.

Но третата и можеби најважна причина е тоа што всушност сум романтична, и покрај тоа што делувам како независна, помалку цинична и со нозе цврсто на земјата и сексот ми преставува „она повеќе„. Не сум против сексот, напротив, тој, колку што сум слушала и слушам, е одлична работа и едвај чекам да го пробам, искрена е девојката.

Признала и дека момците различно реагираат на фактот дека се уште е девица. Некои заземаат лежерен став по тоа прашање, но во суштина веднаш размислуваат кој е најбрзиот и најлесниот начин да ја наговорат да го смени ставот.

„На почетокот некои реагираа добро, со многу разбирање, но на крајот се се завршуваше. Излегуваше дека сексот сепак е многу важен„, го опишува своето искуство оваа 26-годишна девојка.

Некои ги одбила веднаш, затоа што не биле „оние вистинските„ и врската не одела во посакуваната насока, па сето и немало смисла.

Еден од поранешните момците во целост ја поддржувал нејзината одлука, но излегло дека постојано сака да зборуваат за секс, односно за тоа дека тој е нешто лошо и нешто заради што треба да се чувствуваат виновни, и само затоа што бил премногу религиозен.

„Тоа уште повеќе ме натера да останам доследна на својата одлука и на ставот„, вели девојката и додава: „Не сум против секс. Напротив. Постојат мигови кога ми е тешко да се воздржам и тогаш се прашувам дали мојата одлука е исправна и дали има смисла да се чека„.

Коментари

Популарно