Познат македонски фудбалер шверцувал мигранти?

Во акцијата на МВР за криумчарење имигранти од Сирија, се најде и македонски фудбалер, пренесува македонски

спорт. На играчот му е одредена мерка притвор од осум дена поради основано сомневање дека е дел од група која се занимавала со оваа дејност и која била стационирана во Гевгелија.

fudbaleri

Фудбалерот е приведен заедно со уште едно лице кои се наоѓале во станот каде што наводно организирале преноќиште за

четворица имигранти од Сирија. Токму поради тоа, играчот не тренира со својата екипа во последните неколку

дена. Гевгелиската чаршија „шпекулира“ дека уапсениот само се нашол на погрешно место во погрешно време и дека немал врска со овој случај. Инаку, станува збор за играч кој е поранешен репрезентативец на помладите категории на нашата земја и ги носеше дресовите на неколку наши прволигашки екипи.

Коментари

Популарно