ВИДЕО: Гробарите го запалија знамето на Галатасарај!

Навивачите во Србија, се побурно го искажуваат своето незадоволство после немилите настани во Истанбул.

961540_10204478734801345_1735079900_n

Навивачите на Партизан, популарните „Гробари“, на денешниот наптревар на својот стадион каде го пречекаа тимот на Напредак, го запалија знамето на Галатасарај, поради трагичниот настан кој ја одбележа оваа недела, а се случи во Истанбул, кога навивач на Црвена Звезда беше прободен со нож од навивачите на Галатасарај, а подоцна им подлегна на повредите.

Дел од „Гробарите“ во 46-тата минута од натпреваот на источната трибина, го запалија знамето на Галатасарај, а тоа предизвика бурни поздрави од публиката. 

Натпреварот заврши со конечни, Партизан – Напредак, 3-1. Атмосферата во Белград станува се понапната, синоќа  беа организирани големи протести каде се собраа навивачи од повеќе групи.

Коментари

Популарно