Секоја жена мора да го знае ова

Се што се случува под вашиот појас е од огромно знаење за вас. Затоа важно е да ги знаете овие нешта:

smellyvagina

Клиторисот не е копче, повеќе е како јадец

Многумина кога мислат на клиторисот, мислат на малo видливо делче. Но истражувањата покажуваат дека всушност тој се разгранува под кожата, на двете страни од вулвата, во форма која потсетува на јадец. Овие разгранувања можат да се стимулираат од надвор, така што создаваат стимулации во внатрешноста на вулвата.

Она што мислите дека е вашата вагина всушност веројатно е вашата вулва

Под вулва се подразбираат надворешните, видливи делови од вашите гениталии. Вулвата ја сочинуваат сите видливи делови, лабиата, клиторисот, уретрата, вагиналниот отвор, се она на кое луѓето вообичаено мислат кога велат „вагина“.

Вагината, од друга страна е мускулниот премин кој ги поврзува вулвата и матката.

Вагините (и вулвите) доаѓаат во различни форми, големини и бои

Според науката не постои такво нешто како „стандардна“ вулва, бидејќи формата, обликот, големината и бојата варираат од лице до лице.

Кога ќе се возбуди, вагината може да се прошири околу два пати повеќе од вообичаената големина

Кога не е во возбудена состојба, процечната длабочина на вагината изнесува некаде од 7 до 10 цм. Но за време на секс може да се прошири дупло повеќе. Koга жената е возбудена, во телото има повеќе мускулна тензија. Оваа мускулна тензија ја повлекува матката наназад, што создава повеќе простор за вагината да се издолжува.

Не сите жени се родени со химени

А што се однесува до оние кои ги имаат, хименот може да варира во дебелина и покриеност. Што значи тоа? Дали некоја девојка е девица или не, не можете да откриете така што ќе и направите „преглед на хименот“

Целата статија прочитајте ја на Ledybook.mk

Коментари

Популарно