Албанки, Бугарки и Македонки нелегално работеле во кафеани во тетовско

Македонки, Албанки и Бугарки нелегално работеле како танчарки и келнерки во угостителските објекти „Виа Дарданија“ во село Теарце и „Били 97“ во Добри Дол, соопшти МВР.

prostitutka

Полицијата синоќа еден час по полноќ направила контрола во објектите и во Теарце затекнале две Албанки кои работеле како келнерки и три наши државјанки кои работеле како танчарки. Во другиот објект затекнале една Албанка и Бугарка кои исто така работеле нелегално.

Странските државјанки се предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.

Коментари

Популарно