Скопјанец нападнал двајца сограѓани со ножици во Аеродром

Вербална расправија која траела неколку дена, вечерва ескалирала во тепачка, па и во обид за убиство. 29 годишен скопјанец со ножици нападнал и им задал убодни рани на двајца сограѓани, во блисина на тргосвкиот центар Капитол во Аеродром.

mm4

Е.А. директнио му се заканувал и го навредувал Б.Ј., но истото почнал јавно да го прави и на социјалната мрежа “facebook”. Поради заканите и завредите пред пет дена Б.Ј. телефонски го повикал Е.А. да дојде пред трговскиот центар во скопски Аеродром за да го расчистат недоразбирањето.

-Пред трговскиот центар и двајцата дошле со по уште едно лице и веднаш меѓу истите започнала вербална расправија, која набргу прераснала во тепачка, во која Е.А. со ножици им нанел убодни рани на Б.Ј. и Д.А.(29), по што се дал во бегство, а Н.Ј.(24) кој заедно со него учествувал во тепачката и бил сведок на извршувањето на кривичното дело, случајот не го пријавил во полиција. Кај двајцата повредени се констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош во болница се пуштени на домашно лекување, соопшти МВР:

По целосно документирање на кривично правниот настан, СВР Скопје-Единицата за насилен криминал, против Е.А. ќе поднесе кривична пријава “убиство во обид“, а Н.Ј. кривично ќе одговара за сторено дело “помагање.

Коментари

Популарно