ФОТО: Конечно решение за загадениот воздух во Скопје

Понеделник, а веќе ја имаме сликата на неделата – водителот Марко Новевски со вентилатор го чистеше воздухот во центарот на Скопје. Дали се работи за нов телевизиски проект на кој работи или нешто сосема поинакво?

IMG_3425

„Не се работи за нов ТВ проект, се работи за МОЈОТ ГРАД! Воздух полн честички вдишуваме секојдневно, несвесни дека всушност и самите можеме да придонесеме кон заштита на околината во која живееме. Па затоа, се одлучив за „ваква форма на чистење” – па ако е потребно, секој ден ќе го правам истото! Нашиот град – од мене зависи! Од сите нас зависи! ”, истакна Марко кога го прекинавме во неговата „генералка”.

Веруваме дека храброста на Марко и пред сѐ, неговата посветеност за почисто Скопје, ќе ги инспирира Скопјани да размислат за начин на кој можат да му помогнат на градот. И не само да размислат, туку истиот да го применат!

IMG_3424 IMG_3450 IMG_3453 IMG_3456 IMG_3464 IMG_3469 IMG_3471 IMG_3474 IMG_3484 IMG_3484 - Copy IMG_3424 - Copy

Коментари

Популарно