Ова е најдобрата вест што ќе ја прочитате денеска

Иако денес е неработен ден, граѓаните сепак ќе го одработат во сабота на 13 декември.

bb

Но супер информација е дека на 8 декември, во понеделник следи уште еден неработен ден и тоа за сите граѓани на Македонија. На овој ден ќе го празнуваме Св. Климент Охридски што значи дека ќе можеме да споиме еден продолжен предновогодишен викенд.

Тоа ќе биде последен неработен ден за сите граѓани на Македонија. До истекот на оваа година, слободни денови ќе имаат уште католиците и тоа на 25 декември за првиот ден Божик и припадниците на турската заедница во Македонија кои на 21 декември ќе го одбележат Денот на наставата на турски јазик.

За следната 2015 година, Програмата за неработни денови на Министерството за труд и социјална политика предвидува дури 27 неработни денови.

Коментари

Популарно