Дожд за целиот викенд, кога ќе престане?

Naamloos1Денеска е сабота, 6 декември, 340-от ден во 2014 година. До крајот на годината остануваат уште 25 дена.

Денот трае девет часа и 17 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во шест часот и 45 минути, а заоѓа во 16 часот и две минути.

Месечината изгрева во 16 часот и 24 минути и заоѓа во шест часот и 19 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. Во претпладневните часови на места врнежите се уште ќе бидат пообилни, а попладне ќе ослабат.

Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од осум до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Во недела времето ќе биде облачно со локални врнежи од дожд, но со слаб до умерен интензитет. Од понеделник се очекува постепено опаѓање на температурата.

Коментари

Популарно