ФОТО: Еве како изгледала Моника Белучи пред 30 години

Моника Белучи е една од наубавите жени на денешницата. За италијанската актерка воздивнуваат голем број на мажи дури и денес кога има 50 години. Белучи не е како многу од бројните холивудски ѕвезди чија убавина еволуирала под дејство на хируршки и козметички зафати. Таа едноставно е природно убава, а тоа го покажуваат и фотографиите од нејзината младост кои за прв пат сега се објавени во јавноста.

1412110021mn

Фотографиите од почетокот на кариерата, направени пред 32 години, покажуваат дека времето не оставило ни трага кај Моника.

"Сите зборуваат дека правела естетски зафати, но погледнете ги нејзините усни и косата", рече таткото на актерката, Паскал Белучи, покажувајќи им го на новинарите на "Daily Mail" семејниот албум.

1412110022mn0

Кога таа имала само 12 години на сите им било јасно дека нејзината убавина е исклучителна. Странци ја застануваа на улица и нудеа милиони и живот во странство. Келнерите во рестораните не и наплаќаа бидејќи им беше чест една таква убавица да го посетува нивниот локал, раскажуваат нејзините пријатели.

1412110023mn

Меѓутоа, таа убавина во мало место не била благослов. Претераното внимание и пречело, па често се затворала дома, се сеќава нејзиниот татко. Фризерката која и денес има салон во местото Сита ди Кастело вели дека Моника во тинејџерските денови се облекувала како машко, бидејќи не сакала да се истакнува, но тоа едноставно не било возможно.

1412110024mn

Иако никогаш не сакала да биде славна, тоа едноставно морало да се случи со оглед на тоа дека секогаш била во центарот на вниманието. Моника денес, покрај Софија Лорен, можеби е и најпознатата италијанска актерка во светот, а со прифаќањето на улогата во новото продолжение на филмот за Џејмс Бонд стана и најстара Бонд девојка.

1412110025mn

1412110026mn

Коментари

Популарно