Ножните прсти го откриваат вашето потекло?

Една од многуте антрополошки студии тврди дека нашето потекло и физичкиот изглед можат да се објаснат преку изгледот на стапалата, кои откриваат од каде потекнуваат всушност нашите предци.

548770nozni-prstiff

Факт број 1:

Човечкиот геном го одредуваат неколку физички фактори како што се кожата, косата и бојата на очите, обликот на телото и екстремитетите, како и уште многу други карактеристики како што се ќелавоста или тенденцијата кон одредени болести.

Факт број 2:

Човечката морфологија зависи од генетското наследство (антропометрија или метод на мерење на морфолошките карактеристики на човечкото тело и неговите сегменти).

Факт број 3:

Постојат различни истражувања кои откриваат ендемски карактеристики на племето/семејството, како недостаток на отпечатоци на прстите (адерматоглифија). На пример, поприличен број на Баксијци патат од овој недостаток.

Факт број 4:

Мора да се земе во предвид измешаноста на потеклата, имајќи во предвид дека скоро сите етнички групации се мешале во изминатите 500 години. Многу мал, скоро незначителен процент на луѓе се со “чисто” потекло.

feet10

Меѓутоа, авторката на книгата “Да ги прочитаме своите стапала”, Џејн Шинан, тврди дека повеќето од сите горенаведени факти влијаат на изгледот на нашите стапала.

“Се е во анализата на структурата и нерамнотежата на стапалата. Тоа нам ни помага да разбереме нечии емоции и личност”, смело го изнесува своето тврдење.

“Кога сте лути, како одите? Како одите кога сте среќни или депресивни? Секоја од овие емоции предизвикува различен од. Со тек на време, можете да ја забележите последицата од таквото одење на вашите стапала”, вели таа.

Долг втор прст, покрај палецот

Означува лидерски способности. Владетелите на стариот Египет и кралската династија на Хаваите имале една заедничка физичка карактеристика. Можете веќе да погодите, долг втор ножен прст.

Искривен врв на третиот ножен прст

Природен дар за нечесност, како и склоност да се биде погрешно сфатен. Голем број на шпиони имале искривен врв на третиот ножен прст.

Минијатурен мал прст

Ја одржува детската природа, со многу развиено чувство за забава.

Втор ножен прст кој се навалува кон палецот

Означува сентиментална, носталгична природа.

Извор:Зазабава

Коментари

Популарно