Легендарниот Џо Кокер замина на небото

Легендарниот музичар Џо Кокер почина денеска во 70-та година од животот, по подолго боледување од рак на белите дробови. Портпаролот на Кокер, Бери Маршал нагласи дека музичата легенда „едноставно бил негов единствен пријател“.

joe-cocker

- Ништо не ќе може да ја пополни празнината што во нашите срца ја остави неговото заминување, истакна Маршал, без притоа да прецизира дали канцерот бил причина за смртта на Кокер.

JC-10-1024x539

Џо Роберт Кокер е роден на 20 мај 1944 година во англискиот град Шефилд. За пошироката јавност стана познат со преработката на песната „With A Little Help From My Friends“ на „Битлси“, а неговата популарност порасна по бројните хитови како „You Are So Beautiful“ и „Up Where We Belong“. Неговата музичка кариера траеше повеќе од четири децении.

Коментари

Популарно