Внимавај што посакуваш, зaшто може да ти се исполни

Велат „Внимавај што посакуваш, зашто може да ти се исполни“. Кога прв ја прочитав оваа народна мудрост ми изгледаше многу погрешна, па дури и глупава. Зошто некој би посакал нешто што не сака да му се исполни? Сепак, животот ме научи дека кој и да ја напишал оваа мудрост знаел што зборува. Не е воопшто мал бројот на луѓето кои кога ќе им се исполни желбата, сфаќаат дека тоа воопшто не ги прави среќни и дека залудно потрошиле време и енергија. Всушност и јас сум се нашол во таква ситуација, сум згрешил и сум го платил тоа. Но, постои и една друга група на луѓе, кои посакуваат, се борат и навидум прават се за да им се исполни некоја желба, а всушност бога молат тоа да не се случи. Намерно глумат жртви на животот, со цел да бидат сожалувани од околината. Сето то а трае додека не им се исполни лажната желба, а тогаш се кријат и бегаат од јавноста и повторно пробуваат да глумат жртви.

profesori-na-plenum-pred-sobranie-1

Овие луѓе очигледно имаат проблем со себе и потреба да бидат во центарот на вниманието. Синдром на мало и размазено дете коа ја сака секоја играчка во градинка. Не за да си игра со играчките туку за ниедно друго дете да не си игра со нив. Колку и да е лоша оваа состојба на одредени поединци, на крајот тие ќе ја платат цената на нивната себичност и егоцентричност. Но, кога истите ќе дојдат во позиција како заложник да ја држат државата и да си поигруваат со угледот на институциите , проблемот веќе не е само нивни. Кога овие луѓе со своето плачење на улица ќе извадат народ и ќе се борат за лажна кауза, проблемот излегува од контрола.

Веќе неколку месеци студентите во Македонија протестираат против воведување на државен испит на факултетите. На тоа се приклучија и дел од професорите, организирани во „професорски пленум“. Тие застанаа зад студентите, па дури станаа погласни во барањата од младината. Иако барањата беа исти како и оние на студентите, тие некако самите се одвоија од нив и почнаа своја битка против „лажната демократија“ во Македонија. Професорите упорно бараа средба со владата, на која би преговарале и договарале начни за подобрување на образовниот процес на факултетите. Постојано даваа изјави во медиумите за срамниот однос на власта кон нив и „диктаторскиот“ начин на работа на оваа гарнитура. На хартија сето тоа изгледаше многу реално, па поголем дел од македонската јавност застана на нивна страна, а тие добија статус на жртви и борци за подобро студентско утре. Но, за разлика од мене Премиерот очигледно имал подобар увид на нештата, па човекот реши тоа да ни го покаже и на нас. Токму во моментот на кулминација на борбата на жртвите, на пресот пред Александар Палас, господинот Груевски ни покажа со кого ние си имаме работа, со тоа што им ја исполни желбата на професорите и им го понуди токму тоа што го побараа од него пред камерите на сите македонски телевизии. Фатени во тесно тие мораа да ја прифатат понудата за која всушност и се бореа неколку месеци. И кога сите ние помисливме дека работите тргнаа на подобро и дека конечно ќе дојде до дискусија која ќе резултира со вистинсо решение за подобрување на квалитетот на високото образование, професорите ја напуштијасвојата кауза. Избегаа од Премиерот и својата желба за разговор со ефтини изговори, повторно глумејќи жртви.

Малите дечиња ги добија сите играчки, сите телевизии и Премиерот и тоа токму каде што бараа, во Собранието на Република Македонија, но повторно не беа среќни. Докажаа дека ним не им одговара решение на проблемот, тие не сакаат подобро образование, ниту пак им е гајле за студентите. Тие сакаат се да биде по старо, а тие да глумат жртви на системот од кој ќе бидат заштитени како „бели мечки“. Се надевам дека студентите сфатија кој им глумеше партнер во само нивната битка и дека нема да се откажат во борбата за подобро утре, овој пат без лажни подржувачи.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно