ВИДЕО: Србин ја запроси девојката на меч на Ѓоковиќ

Untitled Српски навивач реши да ја запроси својата девојка за време на мечот меѓу Ѓоковиќ и Вердаско на грен-слем турнирот Австралијан опен. Додека тенисерите се одмораа и се подготвуваа за третиот сет тој ја запраша девојката дали сака да му биде жена, а откако таа одговори потврдно, целата трибина на „Лод Лајвер“ арената во Мелбурн даде грмогласен аплауз. Исто така, потегот на храбриот Србин го поздрави и Новак Ѓоковиќ.

Коментари

Популарно