Пушењето марихуана не штети на мозокот, проблемот е во алкохолот

Група на научници објавија труд во угледниот магазин „The Journal of Neuroscience“ во кој тврдат дека секојдневното пушење на марихуана не штети на мозокот.

smoking-weed-drinking-alcoh

Ова важи и за деца и за возрасни. Трудот всушност е одговор на едно истражување од неодамна кои сугерираше дека „тревата“ може да влијае на мозокот, особено на неговиот облик и волумен. По ова следуваа комплицирани експерименти кои ги демантираа тие тврдења.

„Имајќи ги во обѕир зачестените промени на трендовите за прифаќање и користење на марихуаната важно е темелно да се истражат сите ризици и тогаш да се донесат одлуки за легализација. На темел на научни докази, а не на нечии проценки“, велат научниците и додаваат:

large80

„Некои студии заклучија дека пушењето марихуана е поврзано со некои промени во мозокот. Некои отидоа толку далеку што консумирањето го поврзуваа со намалување на коефициентот на интелигенција. Но, тие резултати НЕ беа доследни...“

Како научниците дошле до тој заклучок? Тие избрале 29 адолесцентни кои дневно консумираат марихуана и 29 кои никогаш ја немаат видено. Исто така тие со експериментот опфатиле и 50 возрасни корисници и 50 кои се чисти. По одредено време луѓето кои оделе на снимање на мозокот и конечните резултати покажаа дека разлики помеѓу овие две групи – нема! Единствените разлики се последици на консумирањето на алкохолот.. кој пак е легален, нели?

Коментари

Популарно