Живеела само 6 дена, а спасила двa животи!!!

Девојче старо шест дена е најмладиот донатор на органи во Британија.

donator

Родителите на неименуваното девојче по нејзината смрт ги донирале нејзините бубрези и јетра, и тоа е прв ваков случај во Велика Британија. Органите на ова несреќно бебенце постхумно спасиле живот на две други бебиња.

Лекарот кој ја лекувал нивната ќерка, Гаурав Атреја, вели дека за него било претешко да разговара со родителите на таа тема.

-Им дадовме време да размислат, а тие дојдоа кај нас неколку часа подоцна да ни ја соопштат својата одлука.Тоа што тие го направија е неверојатно храбро и одзвано, истакбал Атреја.

Бебето донатор било родено со итен царски рез, со тешки пореметувања кој ги предизвикал недостатокот на кислород во мозокот во текот на бременоста на мајката.

Веднаш откако на родителите им станало јасно дека детето нема да преживее, сами пројавиле иницијатива за донирање на органите на нивното бебе.

Коментари

Популарно