Бојата на паричникот ви ги одредува финансиите

Експертите кои се занимаваат со Фенг шуи тврдат дека финансиите зависат од изборот на паричникот, односно од неговата боја.

walletmoney

Ако е во една од овие 5 бои - на добар пат сте, а ако не, подновете се уште денес.

Црвен паричник

Црвената боја е позната по тоа што привлекува богатство во животот. Покрај тоа привлекува добра енергија и во рекордно краток рок ги уништува негативните вибрации.

Син паричник

Сината боја исто така е симбол на изобилство, само треба да бидете повнимателни со нијансите. Темно сините паричници се гаранција за богатство.

Црн паричник

Колку и да ви изгледа темно и едноставно, црната боја значително може да ви ги подобри финансиите.

Кафеав паричник

После црната, кафеавата е најпопуларната боја за паричници. Посебно богатство ќе ви донесе ако има текстура и е изработен од високо квалитетен материјал.

Зелен паричник

Зелената боја е одличен избор ако сакате нов и свеж почеток, без оглед на тоа какво минато сте имале.

Коментари

Популарно