Облачно со сончеви периоди, дождот и снегот се враќаат во...

ohrid_zimaДенеска е понеделник, 9 март, 68-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 297 дена. Денот трае 11 часа и 33 минути. Сонцето во Скопје изгрева во пет часот и 58 минути, а заоѓа во 17 часот и 31 минути. Месечината ќе зајде во седум часот и 35 минути а повторно изгрева во 21 часот и 12 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во крајниот југоисточен дел можен е краткотраен локален дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб доумерен ветер претежно од северен правец. Температурата ќе се движи од два до осум степени.

Во Скопје слично време со температура до седум степени. Утре ќе биде сончево со мала облачност, а од среда повторно се очекува променливо облачно со повремен дожд и снег на планините. Врнежите ќе бидат во источните и западните делови на земјата. Мало спуштање на температурите од околу два до три степени ќе се почуствува во четврток. Кон следниот викенд температурите повторно благо ќе растат и времето ќе биде без врнежи.

Коментари

Популарно