Конечно убаво време, ќе потрае....

prolet-vo-drezden-520x325Денеска е сабота, 14 март, 73-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 292 дена.

Денот трае 11 часа и 47 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во пет часот и 50 минути, а заоѓа во 17 часот и 37 минути.

Месечината ќе изгрее во еден часот и три минути, а ќе зајде во 11 часот и пет минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Во крајните источни делови можна е изолирана појава на краткотраен дожд.

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од шест до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за изолирана појава на краткотраен дожд. До вторник температурата на воздухот ќе биде во покачување.

Коментари

Популарно