Средношколски протести: Иднината на Македонија или размазени дечиња?

Иако надвор е релативно студено и дождот никако да помине, а на пролетта сеуште и се спие, Македонија веќе неколку месеци живее во „ПРОЛЕТ“. Ја најавија студентите и хонорарците, па се распукаа „кокичиња – бомби“, за еве деновиве и средношколците да си ја пробаат среќата. Студентите успеаа во својата битка и станаа партнери на Владата при носење на идните измени во законот за високо образование. Хонорарците издејствуваа промена во законот и половично задоволни ја прославија својата пролет. „Бомбашите“... иако конечната пресуда ќе ја дадат следните избори (редовни или вонредни), оценката е дека како и кокичињата, траеа само две недели. Но, за сите нив веќе имам пишувано ( за некои и повеќе од колку што реално имало потреба), па денеска би сакал да им се посветам на средношколците и нивната борба.

sredno

Мотивирани од само неколку години постарите другари, средношколците решија „конечно“ на улица да го изразат својот став против екстерното тестирање и новиот концепт на полагањето на матура, каде математиката ќе биде задолжителна.

Искрено, во првата точка младинава има аргументи. Екстерниот тест кој беше воведен како систем за проверка на квалитетот на професорите, се претвори во проверка на знаењето на учениците. Професорите екстерниот тест не ги допира, бидејќи нема апсолутни никакви имкликации врз нив, додека кај учениците не е така. Секоја оценка добиена на тестот оди директно во сведителство. Затоа младината со право бара екстерниот тест да биде укинат или изменет.

За втората точка и задолжителното полагање на математика во матурата... би сакал да се сложам со нив, но не можам. Слоганите „Не за математика“ или „Кога во животот ќе ми треба c2 = a2 +b2“ ме враќаат во едно друго време, кога и јас бев средношколец и кога и јас сакав да укинам некои предмети. Јас лично хејтав биологија. Ич не ми беше гајле какви органи имаат птиците и од што се составени сунгерите. Дали амебата е посложена од парамециумот или обратно. Вртев муабет дека тоа никогаш нема да ми треба и дека професорката ме мрази, и бев во право. Никогаш, ама апсолутно никогаш во мојот живот не се најдов во ситуација да ми притреба информација за тоа како дишат рибите под вода или како тоа црвите се размножуваат. Искрено и од денешна перпсектива сум сигурен дека не и бев омилен ученик на мојата професорка по биологија во Никола Карев. Можат тоа да го потврдат 34 ученици од некогашниот ми клас, ама сето тоа е сега небитно. Јас од природно математичка гимназија се запишав на факултет по општествени науки, па се она што се форсираше во Карев остана неискористено, но не и неважно. Човекот во живото собира многу информации, а користи само мал дел од нив. Јас се сложувам дека добар дел од сегашните средношколци никогаш во животот нема да се сретнат со полином, но не значи дека не треба да знаат да го решат. Зарем мислите дека на било кој од нас некогаш во животот ќе му притреба да ја знае „Очи“ од Ацо Шопов? Или кој бил Ѓорче Петров и што бил муабетот со црешовото топче? Зарем мислите дека е можно од пресудно значење за вашиот живот да биде податокот за тоа кој е највисокиот врв во Америка или која била Ана Каренина? НЕ! Ништо од ова не е предсудно, но не е и неважно. Сега сите овие одгвори можете да ги најдете со два клика на интернет. Дури и да прочитате кратка содржина за Ана Каренина, па да мудрувате у друштво (ако воопшто денска се вртат такви муабети. Во моето друштво на времето, не се вртеа). На интернет има се, па и сложени дигитрони со формули кои ќе ви ја решат и најтешката задача. Компјутерите олеснуваат се, но на интернет има и порно. Мноооооогу порно. И сите вие можете да уживате, ама не е исто кога ја гледаш Тера Патрик со некој црнец и кога девојка ти / дечкоти ти, ќе ти се бутне под кебе. Исто е и со знаењето драги мои. Ако го барате на интернет, место да го носите во себе вие сте само воаејери, додека некој друг секојдневно ужива во истото.

Да, тоа е впечатокот на мојата генерација за денешните средношколци. Размазени мамини и татини воајери. Не дечки, не сте вие криви. Мама и тато се криви. И мене да ми дозволеа да дремам на клупа (у наше време немаше интернет) цел ден – секој ден и јас ќе се жалев на системот. Систем во кој во мое време се полагаше македонси и математика за упис во средно школо! Се полагаша матура и примен испит за на факултет. Речиси секој испит на факултет се полагаша усмено и писмено, а нашите книги во основно беа двојно подебели од вашите во средно. Немавме интернет, па единствен извор на материјали беа библиотеките. Вие учите од сликовници, имате отворен свет на информации, еден куп приватни факултети... и пак вие се жалите. И се тоа е ок. Секој има право да си ја каже маката. Но, проблемот е во тоа што Македонија секоја година произведува се полош и понеписмен кадар. Наместо интелектуалци, произведуваме воајери кои бараат права! Право на што? Право да учат помалку, право да изберат што треба да учат (затоа што дете на 15 години точно знае што треба, а што не), и право да се трескаат од земја ако не дај Боже некој им постави задача на матура.

За крај ќе ви ја кажам реченицата која секој од мојата генерација ја чул барем 10 пат од различни професори: „Не учите за мене, туку за себе“. Јас ја разбрав, вие?

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно