Македонски бизнисмен ја плаќал и „користел“ Сораја!

Аферата Харем отвори многу прашања за елитна проституција на Балканот. Во оваа мрежа се вплеткани најпознатите српски старлети кои живеат како кралици, а ниој не знае од каде им се парите. Една од оние кои се во центарот на вниманието е и Сорај, за која денеск се пишува дека Била финансирана од Македонец.

52879_soraja-v_af

Македонскиот бизнисмен Чедо К (38) наводно со месеци бил во врска со познатата српска старлета Сораја, и во меѓувреме ја финансираше нејзината гардероба, патувања, автомобили, но и нејзината хуманитарна работа.

Како што објавија српските медиуми, таа од Чедо добила повеќе патувања, скапоцен џип, отмен мобилен телефон и еден тон гардероба, а особено е интересно што за време на минатогодишните поплави тој богаташ финансирал два камиона хуманитарна помош на кои го пишувало нејзиното име, за медиумите да ја претстават старлетата како голем хуманитарец.

Нормално Чедо не сакал да потврди, ниту да демантира дали бил нејзиниот спонзор за време на тајната врска од девет месеци, додека Сораја била недостапна за коментар.

Коментари

Популарно