ТОП 5: Најопасни секс пози

Mонотонијата во спалната соба може да биде вистински убиец на сексуалниот живот, па во потрага по нешто ново паровите знааат да испробаат и поопасно пози. Ова се 5те најопасни.

sex

Трикратен Линди

lindiДоколку со партнерката поминувате доволно време во теретана наместо на ќебапи, на вистински пат сте да ја ревитализирате рутината во оваа формација. Двајцата мора да бидете исклучително физички силни. Кренете ја отпозади во воздух, а таа ќе ве опфати со нозете кои се потпираат на вашите бедра. Ако издржите повеќе од неколку секунди без да се потпрете на нешто, слободно накикете се со победничка лента. Опасноста на позата е во испуштањето на телото на партнерката, по што нејзината гравитација може да ви го скрши алатот, а таа може болно да се набие на вашите колена.

Мост

mostМажот се свиткува во мост, а потоа жената седнува на врвот обидувајќи се да најде што останало од ерекцијата по гимнастичарскиот потфат. Доколку ја најде, работата е изводливо единствено доколку жената е лесна и доволно висока да може со стапалата да допре до подот. Инаку притисокот на `рбетниот столб и зглобовите е неиздржлив. Исто така, мора да биде внимателна да не го исфрли партнерот од рамнотежа. Доколку на мажот му се лизнат рацете, целата конструкција брутално паѓа и доведува до потенцијални повреди на карлицата и задникот.

Танги

tangiУште една поза за истражување на потенцијалите е да ја пречекорите ногата на партнерката, да и го подигнете страничниот дел од телото во воздух и да и ја придржувате поголемиот дел од телесната маса додка таа само се потпира на под со една рака. Проблемот е ист како кај носењето на тешка вреќа, по што некое време ви доаѓа да ја смените раката, само во овој случај оваа опција ви е недостапна поради физиката. За кратко време степенот на болка во мускулите ќе ги надмине сите други сензации. Доколку партнерката ви испадне од раце или нема доволно силни раце, ќе се соочите со нови геометриски облици на ерекција.

Боди билдер

bilderМожеби најчеста од најопасните фигури во која партнерката глуми коала на вашето дрвено тело. Ги задоволува сите параметри на совршенство, освен што е препорачливо од време на време да побарате помош од најблискиот ѕид. Доколку случајно ви се лизне од раце, единственото нешто што ќе ве интересира потоа ќе биде одделот за трауматологија.

Свиткани нозе

svitkani-nozeЕдинствен совет околу оваа поза е да не ја пробувате. Жената седнува на мажот кој лежи со нозете во воздух и свиени кон себе. Положбата на пенисот им пркоси на сите закони на ерекцијата и доколку случајно жената промаши, ве чека еден подолг период на братско-сестрински односи.

Коментари

Популарно