ТОП 5: Најопасни секс пози

Mонотонијата во спалната соба може да биде вистински убиец на сексуалниот живот, па во потрага по нешто ново паровите знааат да испробаат и поопасно пози. Ова се 5те најопасни.

sex

Трикратен Линди

lindi
Доколку со партнерката поминувате доволно време во теретана наместо на ќебапи, на вистински пат сте да ја ревитализирате рутината во оваа формација. Двајцата мора да бидете исклучително физички силни. Кренете ја отпозади во воздух, а таа ќе ве опфати со нозете кои се потпираат на вашите бедра. Ако издржите повеќе од неколку секунди без да се потпрете на нешто, слободно накикете се со победничка лента. Опасноста на позата е во испуштањето на телото на партнерката, по што нејзината гравитација може да ви го скрши алатот, а таа може болно да се набие на вашите колена.

Мост

most
Мажот се свиткува во мост, а потоа жената седнува на врвот обидувајќи се да најде што останало од ерекцијата по гимнастичарскиот потфат. Доколку ја најде, работата е изводливо единствено доколку жената е лесна и доволно висока да може со стапалата да допре до подот. Инаку притисокот на `рбетниот столб и зглобовите е неиздржлив. Исто така, мора да биде внимателна да не го исфрли партнерот од рамнотежа. Доколку на мажот му се лизнат рацете, целата конструкција брутално паѓа и доведува до потенцијални повреди на карлицата и задникот.

Танги

tangi
Уште една поза за истражување на потенцијалите е да ја пречекорите ногата на партнерката, да и го подигнете страничниот дел од телото во воздух и да и ја придржувате поголемиот дел од телесната маса додка таа само се потпира на под со една рака. Проблемот е ист како кај носењето на тешка вреќа, по што некое време ви доаѓа да ја смените раката, само во овој случај оваа опција ви е недостапна поради физиката. За кратко време степенот на болка во мускулите ќе ги надмине сите други сензации. Доколку партнерката ви испадне од раце или нема доволно силни раце, ќе се соочите со нови геометриски облици на ерекција.

Боди билдер

bilder
Можеби најчеста од најопасните фигури во која партнерката глуми коала на вашето дрвено тело. Ги задоволува сите параметри на совршенство, освен што е препорачливо од време на време да побарате помош од најблискиот ѕид. Доколку случајно ви се лизне од раце, единственото нешто што ќе ве интересира потоа ќе биде одделот за трауматологија.

Свиткани нозе

svitkani-noze
Единствен совет околу оваа поза е да не ја пробувате. Жената седнува на мажот кој лежи со нозете во воздух и свиени кон себе. Положбата на пенисот им пркоси на сите закони на ерекцијата и доколку случајно жената промаши, ве чека еден подолг период на братско-сестрински односи.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно