Престојува во најдобрите хотели во светот и добро е платена за тоа

Некој да ви понуди работа да патувате низ светот, да престојувате во луксузни хотели, да уживате во фантастичната храна и да се сончате пред базен, веројатно би помислиле дека некој се шегува со вас. Но токму тоа го прави Австралијката Ријана Тејлор (29) чија работа е годишниот одмор.

patuvajob

Ријана успеала љубовта кон фотографијата да ја претвори во бизнис. Таа забележила дека на пазарот недостигаат елегантни рецензии за добрите хотели,па решила да ја исполни да ја надополни таа празнина. Сега оваа Австралијка патува по светот, отседнува во луксузни хотели, а потоа на својата интернет страница www.InbedWith.me пишува рецензии и објавува фотографии. Таа веќе го пропатувала целиот свет и објавила голем број текствои за хотелите, креветите, послугата, ентериерот, виното, коктелите.

1patuvajob

– Седум години работев како фотограф, па имам видено разни делови на светот. Бележев кој хотел во Мајами има најдобра пита или кој хотел во Хонг Конг има најдобри кревети.Пред една година одлучив да ги објавам своите искуства во онлајн магазинот и тогаш работите ми тргнаа. Називот е малку дрзок, но мојот концепт е уникатен. Со оглед на тоа што во текот на годините развив добри односи со хотелите и ПР компаниите, можев слободно да ги контактирам и да проверам дали се заинтересирани да ги посетам и да напишам нешто за нив. На моја среќа неколку од нив ми дадоа шанса за тоа, а останатото е историја – вели Ријана.

2patuvajob

На хотелите кои таа ги посетува им подарува професионални фотографии кои ги направила, а кои управата на хотелот подоцна може да ги користи за своја промоција.

– Социјалните мрежи ме катапултираа.Тоа е најдобар начин да покажете како и што работите. Соработувам со турситичките заедници и им помогам да создаваат кампањи, што дополнително ми ги покрива патувањата и трошоците – ја објаснува Ријана тајната на својот успех.

3patuvajob

Коментари

Популарно