НАЈАВА ЗА ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ: Град и дожд денеска во Македонија!

belgrad500Денеска е вторник, 28 април, 118-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 247 дена.

Денот трае 13 часа и 51 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во пет часот и 36 минути, а заоѓа во 19 часот и 27 минути.

Месечината ќе зајде во два часот и 43 минути, а повторно ќе изгрее во 14 часот и 10 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде променливо и нестабилно облачно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и со појава на град, особено во јужните и источните делови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната од 19 до 26 степени во крајниот југоисточен дел.

Во Скопје времето ќе биде променливо, попладне нестабилно и облачно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Во среда ќе има локални слаби врнежи од дожд, особено во претпладневните часови. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура која ќе се движи од 14 до 21 степен.

Коментари

Популарно