Сите лаги за убиството и истрагата на Мартин Нешкоски

Веќе неколку месеци упорно пишувам за можна ескалација на политичката ситуација во Македонија и немири кои можат да избегаат од секаква конторла, па од протести да преминат во бунт, па и до граѓанска војна. Веќе неколку месеци ситуацијата секојдневно се влошува, народот се подели и се се изгуби и најмалата шанса за обединување на Макендоците. Ова е патот кој го поминале сите некогашни држави, кои денеска не се држави.

martin_neskovski

Четири години по свирепото убиство на плоштадот Македонија во Скопје, денеска цела држава повторно зборува за Мартин Нешкоски. Момчето кое беше сурово убиено од припадник на специјалната единица на МВР, токму од оној кој е платен и трениран да го штити, повторо се најде на линијата на огнот. Закопани во своите ровови со своите верни сенки и едните и другите пукаат кон противникот. Војната, која сеуште е по медиумите и социјалните мрежи, и двете страни ја водат за доброто на Македоија и не бираат оружје.

Но, тоа не е она што ме плаши. Политичарите (барем нашиве) секогаш имале своја вистина. Подоцна им се приклучија и „стручњаците“ кои се на платен список на некоја од двете опции. Следни беа медиумите. Добар дел и од нив одбраа страна. Се тоа веќе видено некаде на запад, но кога народот е вака поделен, тое не носи ништо добро. И народот веќе не е заинтересиран за вистината, туку само за победа на својата политичка опција. Таквата поделба денеска го достигна врвот по објавените телефонски разговори за случајот на убиството на младиот Мартин во центарот на Скопје.

Од една страна го имаме СДСМ и сите нивни подржувачи, кои денска намерно ги извадија од контескт делови од снимените разговори на Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и ги споделуваат по сите социјални мрежи, со цел да се изалже народот кој не ги преслушал бомбите. Најсподелувана беше: „Се нервирам, не можеш убиство да скриеш“! За оние кои не го случнале објавениот разговор, а посебно за оние кој го слушнале: ОВАА РЕЧЕНИЦА Е ИЗВАДЕНА ОД КОНТЕКСТ!!! Намерно се презентира така на народот. Министерката (доба или лоша) не се нервира затоа што не може да скрие убиство, туку затоа што некој се обидел да скрие убиство! Зошто лажете луѓе? Ајде ќе ве разберам (не и оправдам) вас кои сте политички активни, но што со останатите кои ја промовираат оваа лага? Дури и „Ина Многуфина“ го сподели статусов. Знам дека девојката е свесна за својата популарност и моќ да влијае на народот, па затоа нејзината лага е уште пострашна.

Уште еден таков пример денска гордо на ФБ напиша „После ова денеска, ќе ги замолим сите оние кои што ќе пробаат да го оправдаат или релативизираат лудилово кое што ни се дешава, воопшто да не ми се обраќаат ниту пак да дискутираат со мене на овие теми. Јас не можам да бидам пријател и не можам да дискутирам со некој што брани луѓе што криеле убиство.“

Човекот не сака дискусија, не сака вистина или разговор за тоа , а веќе неколку месеци зборува дека „Режимот“ мора да падне! Зарем вака се бара демократија?!!!! Без дискусија, со лажење? Кој криел убиство? Никаде во разговорите не може да се чуе обид за прикривање на убиството!

Од другата страна имаме изјави дека Владата го фатила убиецот на Мартин и тој денеска одлежува казна од 14 години затвор. Точно, но тоа не е се. Убиецот е фатен, но во снимениот разговор се слуша како Министерката вели дека „очекувала кога убиецот на Мартин ќе направи нешто вакво“. Зошто чекале. зошто не го спречиле?  Се слуша и како Урко ги лажел(како циган), а со тоа попречувал истрага за убиство! За тоа се одгравара кривично и тоа дебело! Се слуша и како убиецот не требало да биде во Скопје, туку на должност во Куманово. Кој го пуштил? Зошто никој не одговара за тоа, кога Министерката убаво објаснува колку протоколи се скршени при таков случај и дека за тоа се лежи затвор? Или токму тие делови се монтираи, а оние каде Јанкуловска работи на расветлување на случајот се вистинските? Зарем некој навистина верува дека Заев монтирал толку добро или како што веќе реков, вистината одамна е небитна?

Сето ова денеска резултираше со неколку стотини луѓе пред Владата на Р.М. во Скопје. Се собраа да бараат оставака од Јанкуловка и Груевски, што е нивно право, но зошто се буткаа со полицијата? Која беше идејата? Да влезат во Владата? А што ако влезат? Зарем тие 500-1000 луѓе сметаат дека имаат некаков легимититет да рушат систем изгласан од повеќе од 500.000 луѓе? Или целата идеја е да испровоцираат реакција од другата страна, па и тие да излезат на улица и таму да се решава иднината на Македонија? Тоа ли значеше: „На Македонија треба да и се случи народ?“

Не знам дали има добра или подобра опција од двете понудени, но знам дека излез од целава ситуација е единствено ако ја бараме вистината. До неа се доаѓа само ако народот почне да размислува. Сам со своја глава. Без страв, без гнев и омраза. Ако народот не сака да рамислува, туку само слепо да ги следи соите лидери... кои и да се лидерите, еден ден ќе помислат дека ве поседуваат, а со тоа дека вашето постоење е нивна желба.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно