За вонбрачен секс пет години затвор

Индонезиските парови кои сè уште не се верени, ако бидат „фатени" на сред сексуален однос, можат да завршат во затвор дури и повеќе од 5 години. Дури и паровите кои живеат заедно, но немаат документ од матично, нема да можат да ја избегнат острата пресуда, доколку бидат фатени на дело, пренесува „B92".

images

Необичното ембарго на секс било предложено како дел од новиот бран на закони, меѓу кои се наоѓа и бизарната забрана за вештерство и фрлање црна магија. Иако Индонезија одамна ја следи умерената верзија на Исламот, акцентот на муслиманскиот начин на живот повторно процветал минатата година.

Распространето е верувањето во вештерството и мистицизмот, а најмногу на островотите Јава. Во план е да се забранат и кратките здолништа на политичарките и вработените во јавните институции, поради тоа што во последно време имало многу случаи на силување и други неморални чинови, а тоа се случувало само поради непристојното облекување на жените.

Коментари

Популарно