Душебаев во Вардар уште 2 години

Победникот во македонскиот ракометен куп, сеуште некронисаниот шампион на Македонија РК Вардар го потврди останувањето на десниот бек Алекс Душебаев до јуни 2017 година, со што клубот ги задржува главните алки во тимот. 

813_1391374800-640x444

Младиот Шпанец во Вардар ја доживеа својата голема афирмација, двапати играјќи во четврт-финалето на ЛШ, ја освои СЕХА лигата, двапати го освои Купот на Македонија, беше избран а најдобар млад играч на планетата во изборот на „Хендбол планет“ и влезе во сениорската репрезентација на Шпанија.

„Вардар го задржува костурот на тимот и за следните сезони, а Алекс е дел од идните планови на клубот. Неговата младост, квалитет и прикажани игри беа причина да му понудиме нов договор, што на наше задоволство го прифати. Се надеваме дека и во иднина ќе биде еден од главните алки во екипата, вели Давор Стојаноски, директорот на Вардар.

Сезонава е избран во Ол стар тимот на СЕХА лигата, неколкупати беше дел од идеалниот состав на колото во Лигата на шампионите. Со репрезентацијата на Шпанија стигна до четвртото место на последното СП што се одржа во Катар во јануари годинава. Сезонава Душебаев е во Топ-10 стрелци во Лигата на шампионите, со 73 постигнати гола, и меѓу трите најдобри во тимот, зад Дибиров и Карачиќ.

Сега Душебаев е на добар пат да ја освои и титулата во домашното првенство, бидејќи „црвено-црните“ се апсолутни фаворити.

Коментари

Популарно