Потребни се 10.000 евра за лекување на четиригодишниот Михаил

На четиригодишниот Михаил Јолески од Кичево, дијагностицирана му е тешка хронична аномалија на бубрезите, поточно лев бубрег со многу ниска функција, а десен бубрег огромен и дилантиран (проширен) со стеноза на мочен уретер.

qqqqqqqqqqqqqqqqqqqqqqqqqqqqqqqq

Неговите родители упатуваат апел до сите хумани граѓани кои сакаат да помогнат ова четиригодишно детенце да се излекува да донираат парични средства

За неговото лекување потребни се 10.000 евра, а неговите родители не се во можност сами да ги обезбедат средствата.

Неговата операција е закажана на 29 мај, но родителите мора претходно да ги обезбедат финансиите за операцијата да може да биде реализирана.

Тие упатуваат апел до сите хумани граѓани кои сакаат да помогнат ова четиригодишно детенце да се излекува да донираат парични средства на следната жиро сметка 210-5016883338.40 НЛБ Тутунска банка.

Коментари

Популарно