Сончев почеток на продолжениот викенд

skopje-sonce-prolet-makedonijaДенеска е петок, 29 мај, 149-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 216 дена.

Денот трае 14 часа и 56 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во пет часот и три минути, а заоѓа во 19 часот и 59 минути.

Месечината ќе зајде два часот и 40 минути, а повторно ќе изгрее во 15 часот и 47 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната од 18 до 24 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје времето ќе биде сончево и малку потопло со мала облачност и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

За време на продолжениот празничен викенд ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Утринската температура во сабота ќе биде релативно ниска за овој период од годината, а дневната ќе бележи тенденција на пораст и ќе се движи од 22 до 28 степени.

Од понеделник во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд.

Коментари

Популарно