Се самоуби пилотот на ЈАТ кој во 1992 година спаси 40 илјади луѓе

Познатиот пилот Стеван Попов се самоуби со пиштол во својот дом.

500steva-1-

Попов беше херој за време на граѓанската војна на подрачјето на СФРЈ. Како пилот на ЈАТ во 1992 година, цел месец, секојдневно леташе на линија Белград – Сараево и успеа да спаси 40 илјади луѓе од градот каде војната се разгоруваше. Во јуни истата година со неговиот херојски подвиг кога на тогашната фудбалска репрезентација и беше забрането да слета во Стокхолм на европското првенство.

И покрај непристојните барањата на шведските воздухопловни власти тој самостојно одлучи и најде соодветно решение за  безбедно да ја врати репрезентацијата во Белград.  Неговите пријатели тврдат дека до моментот на одлуката да си го одземи својот живот Попов немал здравствени проблеми.

Коментари

Популарно