3 рецепти, погодни за секоја диета

Компирот и тестенините за многумина се омиленото јадење без кое не може да помине подолго време. Но, всушност овие намирници кои се богати со јаглехидрати, НЕ се вашите сојузници во слабеењето. Ако сакате да ви успее диетата, тогаш погледнете ги овие заменски намирници за тестенини и компир.

ЛАЗАЊИ: Домат наместо тесто

hitportal-lazanji

Доматот е вкусна намирница со густа структура која може да го замени тестото за лазањи.

Доматот измијте го и исечете го на кругови. На лимот за печење ставете масна хартија, а на него ставете го зеленчукот и лесно премачкајте го со маслиново масло.

Печете во рерна околу 5 минути на 220 степени од една, а потоа и од другата страна.

Откако ќе ги испечете доматите можете да ги употребите на ист начин како и тестото.

ПИРЕ: Карфиол наместо компир

hitportal-jadenje

Овој зеленчук кога ќе го сварите ќе добие текстура која ќе биде замена за компирот.

Карфиолот сварете го на пареа и фрлете ја водата. Во лонецот додајте масло, сол и млеко, исто како кога правите класично пире.

Се заедно добро измешајте. Ако сакате побогат вкус, во тава испржете лук и додајте го во пирето и продолжете да мешате.

ШПАГЕТИ: Тиквички наместо тестенини

hitportal-jadenje-1

Тиквичките се зеленчук кој треба максимално да се икористи бидејќи има богат вкус.

Исечете ги на долгнавести парчиња, а секое парче поминете го на трака за сечење и ќе добиете шпагети од тиквички.

Шпагетите можете да ги сварите одделно или направете сос за тестенини па заедно.

Коментари

Популарно