„Излегоа со секири и го земаа брат ми" - полицијата трага по 12-годишниот Стефан

Го земаа мојот Стефан, го ставија во автомобил и исчезнаа, а јас побегнав. Ова го изјави 9-годишниот Урош, братчето на Стефан Илиќ од Србија кој беше киднапиран.

stefan-ilic-nestanak-bela-crkva-potraga-foto-mup-srbije-1434216174-679423yjn56u65u56

Несреќа, го земаа мојот Стефан, викнете полиција...јас успеав да избегам, а тој не....викало братчето на киднапираното момченце кога дошло во Бела Црква по што неколку стотина полицајци почнале да тргаат по него, но Стефан како да пропаднал во земја.

Имено, според податоците на српскиот Курир, 12-годишниот Стефан бил киднапиран додека пасел овци со својот брат, а насилниците излегле од црн автомобил со секири.

- Излегоа тројца. Еден од нив ме фати за врат, ме влечеше по блузата. Стефан бегше кон ливадата, но не успеа. Го ставија во автомобил и го однесоа, раскажува низ солзи братчето.

Потрагата за Стефан трае без престан. Сите се кренаа на нозе за него.

Коментари

Популарно