Измислени кондоми кои ја менуваат бојата при допир со инфекција

Група ученици на Академијата „Исак Њутн“ во Eсекс откриле кондоми кои ја менуваат бојата кога ќе дојдат во допир со полово преносливи болести. Даниал Али (14), Муаз Наваз (13). Чираг Шек (14), направиле кондоми кои во себе имаат вграден индикатор за откривање на половите инфекции како сифилис. Бојата на кондомот ќе се менува во зависност од болеста.

kondo-1

„Креиравме т.н. „око“ кое ќе претставува нов начин на откривање на полно преносливите болести и кои ќе им помогнат на идните генерации“ рекол Даниал. Тој вели дека желбата им била да направат откритие кое ќе го олесни откривањето на полните болести во приватноста на сопствениот дом, без одење на лекар.

„Сакавме луѓето да се чувствуваат посигурно, како и да бидат попретпазливи отколку порано“ додал Даниал. Момчињата за овој изум се наградени со „Тинејџ награда“ за најдобра иновација во здравството, а добиле и награда од илјада долари и пат во Бакингамската палата.

Коментари

Популарно