Гемиџиите повторно пронајдоа мртво тело во водите на Вардар

Женски труп пронајдоа учесниците на годинешната вардарска регата „Гемиџии“. На само неколку киломотри од стартот, кај селото Караслари е забележано безживотно тело. Случајот е веднаш пријавен во полиција. Од СВР Велес велат дека теренот е тешко пристапен па најверојатно телото ќе го извлекува специјалната единица.

regata4

На вардарската регата која стартуваше денеска учествуваат стотина луѓе. За прв пат има гости од Бугарија и Србија. Вардарската регата трае четири дена. Се плови од Велес до Гевгелија. Инаку и минатата година, на првиот ден од пловењето, учесниците во вардарската регата пронајдоа човечко тело во распаѓање.

Коментари

Популарно