Зошто оваа Британка ја платила бананата 130 евра?

Елса Харис, самохрана мајка од Британија, била фатена како јаде банана во својот автомобил и поради тоа платила казна од 130 евра, пишува „Дејли меил“. Негувателката возела кон својата работа кога на улица била запрена од сообраќаен полицаец.

banana

– Ми рече дека може да избирам помеѓу три казнени бода или да одам на некаков курс за свесноста на возачите – вели Елса, која во полиција признала дека била принудена да ги тргне рацете од воланот додека ја лупела бананата. Полицаецот останал безмилосен, иако таа се обидела да му објасни дека прекршокот го направила додека поради метежот стоела на улица.

– Ова дефинитивно е најскапата банана која сум ја изела во животот – се пошегувала Елса.

Портпаролот на полицијата во Дорсет нагласил дека возачите на автопат или на улица не смеат да јадат, да пијат или да пушат бидејќи таквите активности ја нарушуваат сигурноста во сообраќајот.

Коментари

Популарно