ВИДЕО: Едно поинакво запросување во Скопје

Веќе навикнавме на јавни запросувања на стадиони или спортски сали, на видео бимови и слично. Затао ова запросување на Соња и Младен е различно и интересно.

Untitled

♥♥♥♪♫♥♥♥♪Мојата вистина си ти♫♥♥♥♪♫♥♥♥

Ти си делот кој ми фали за да бидам целосна,

ти си мојот пат поплочен со среќа,

ти си ми причината за моите надежи, илузии, фантазии.

Што си ми ти?

Ти си ми двигател, ти си оној кој гради мостови,

за да ги преминувам сите препреки.

Кога си тука, не гледам но сум посилна,

тогаш сум спокојна, не гледам но тогаш сум среќна,

кога си до мене јас постојам.

Што си ми ти?

Ти ги правиш моите мисли позитивни,

моите трудови вредни,

мојата личност добра, како ти успева?

Што си ми ти?

Ти ме мотивираш, ме потикнуваш, ме бодриш, ме подржуваш...

Ти си моја судбина, моја иднина, ти си моја вечност,

моја суштина, моја среќа, моја хармонија,

ти си ми дел од срцето, дел од мислите, дел од душата,

дел од телото, дел од мене,

ТИ - тоа си ми ТИ!

Мојот господин совршен!

Соња и Младен 19.06.2015

Испратено од Соња

Коментари

Популарно