Хали Бери го остави насилниот сопруг

Америкаската актерка Хали Бери (48) и нејзиниот сопруг Оливие Мартинез (40) по две години брак се пред развод, пренесуваат светските медиуми. Актерката неодамна била снимена во Лос Анџелес без венчалниот прстен на раката, пренесува порталот „Радар онлајн“.

hali

– Се чини дека Хали и Оливие дојдоа до крајот на патот. Имаа многу подеми и падови во врската, но во последно време Оливие воопшто не се труди – изјавил семеен пријател на двојката. Брачните порблеми започнале минатата година, само една година по раѓањето на нивниот син Мејс (2).

Насилното однесување на Мартинез е главниот проблем, а Хали полудела кога тој физички нападнал работник на аеродромот во Лос Анџелес. Таа наводно му поставила ултиматум и побарала од него да оди на советување ако сака да го спасат бракот.

– Хали им вели на пријателите дека неговиот избувлив темперамент може да им наштети на нејзините деца – изјавил пријателот.

Двојката од февруари не е видена заедно и веќе не живеат заедно. Хали е во својот дом во Холивуд, а Мартинез во Малибу.

Коментари

Популарно