Топло денеска, а посебно утре и задутре. Заладување дури од...

lake-ohridДенеска е вторник 11 август, 223-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 142 дена. Денот трае 14 часа и 8 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во шест часот и 11 минути, а заоѓа во 20 часот и 19 минути.

Месечината ќе изгрее 2 часот и 22 минути, а ќе зајде во 17 часот и 9 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне во западните и југозападните делови од земјава ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната од 30 до 37 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во среда и четврток времето ќе биде малку потопло, ќе се задржи попладневната умерена облачност, но ќе биде претежно стабилно. Локални врнежи од дожд и малку посвежо време се очекуваат за време на следниот викенд.

Коментари

Популарно