Ужас по убиството на Томислав: Најтрагичниот настан го претворија во добра зделка!

По големата трагедија која го потресе Балканот со обезглавувањето на Хрватот Томислав Салопек кого го држеа како заложник Џихадистите, лажна амбасадорка го искористи крвавиот злочин за да земе пари од семејства чии членови се на работа во странство, измислувајќи приказни дека тие се киднапирани и ќе бидат убиени.

hrvat-talac-tomislav-salopek-isil-yt-1438790993-714563trhb45y5445

Во изминатите неколку денови, непозната женска личност се јавила на четири лица и им кажала дека нивните членови на семејството се заложници како Томислав, и дека треба побрзо да соберат и дадат пари за и нив да не ги снајде таква трагедија. Дел од лицата добиле повик дека работниците се тешко болни и потребно е да се пратат пари за нив.

Три обиди биле неуспешни бидејќи за среќа семејствата сфатиле дека се работи за измама, но за жал, една 62-годишна жена не сфатила дека ќе наседне на измама и уплатиле 2.000 евра на сметка. Откако никој не и се јавил, се јавила во полиција и дознала што се случило.

Па, некој најтрагичниот настан кој деновиве го тресе Балканот го претвори во добра зделка. Овие луѓе дефинитивно немаат душа!

Коментари

Популарно