Пејачот на Гранд ја претепал својата свршеница!

Не знаеме дали е мода или некој тренд, но веќе станува редовна пракса познатите личности да бидат насилни кон своите сопруги или девојки.

slobodan-vasic-devojka-valentina-vucicevic-1409695521-561469-650x439

Така и Слободан Васиќ, пејачот на Гранд продукција, се најде среде скандал откако крвнички ја претепал својата свршеничка Валентина.

Скандалот се случил минатиот четврток во еден клуб кога пејачот се разбеснел, од засега непозната причина, ја искубал, а потоа почнал да ја удира по целото тело. За да се одбрани, таа во паниката успеала да земе шише од масата и му го скршила од глава.

-Валентина и Слободан раскинаа два дена по настанот, секако сега му е поранешна свршеничка. Бидејќи дозна дека насекаде должи пари, се изнервира, си ги спакува куферите и замина со другарките. Откако тој дозна тргна по неа и ѝ го направи тоа што го направи – вели извор.

Пејачот не е достапен за коментар, а Валентина вели дека не сака да зборува на темата.

Коментари

Популарно