Три месеци пиеле две чаши вода пред секој одброк - Ова е резултатот!

Заборавете на салати и личен тренер, водата може да биде клуч за успех за слабеење. Според истражувањто спроведено во Обединетото Кралство, ако пиете 500 милилитри вода пред јадење, ќе ослабете.

hitportal-voda

Истражувањето опфатило 84 возрасни лица кои ги следеле во рок од 12 недели. Секоја личност добила совет како да држи диета, како да се храни и да ја зголеми телесната активност.

Потоа се поделени во 2 групи, на 41 од нив им е наредено пред главниот оброк да пијат половина литар вода, а 43 лица морале пред оброкот да замислуваат дека се сити.

Оние кои пиеле вода пред оброкот изгубиле околу 1,3 килограми повеќе од оние кои замислувале дека се сити. Исто така сите кои пиеле вода вкупно изгубиле повеќе килограми од оние кои не пиеле.

За 12 недели изгубиле околу 4,3 килограми, пишува Дејли Меил.

- Ако пиете само половина литар вода пред главниот оброк, три пат дневно, можете да ослабете. Ако тоа го правите во текот на целата година, ќе изгубите доста килограми, вели доктор Хелен Парети која учествувала во истражувањето.

Коментари

Популарно