Кашикара пронајдена во коритото на Поројска река

Рачна бомба „кашикара“ без запалка била пронајдена вчера во коритото на Поројска река во близина на автомеханичарска работилница во селото, информира СВР Тетово.

bomba

Случајот во полиција го пријавил жител на Порој кој околу 18 часот ја забележал експлозивната направа во средината од реката при што поголем дел од телото на бомбата било закопано во земја. Полицијата заедно со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнале и транспортирале бомбата што била значитело кородирана.

Коментари

Популарно