Направија супергаќи за мажи - штитат од зрачењето на мобилните

Британска компанија произведе нова долна облека за мажи со „заштита од зрачењето на мобилните телефони“ кои стравуваат дека поради тоа ќе ја загубат плодноста. Новата долна облека е намената во прв ред за мажите кои ги држат своите мобилни телефони во џебовите од панталоните.

boxer

Така, овие гаќи дизајнирани од британскиот научник и претприемач Џозеф Перкинс се исткаени со сребрена мрежа за заштита на спермата од зрачењето коешто го емитуваат Wi-Fi уредите. Тој тврди дека неговиот производ наречен Wireless Armour, запира 99,9 отсто од штетното електромагнетно зрачење (EMR) од паметните телефони, лаптоп компјутерите...

„Користењето на лаптопот и таблетот ме натера да размислувам за последиците од електромагнетното зрачење врз човековиот организам. Тоа ме поттикна да направам одредени истражувања и да читам литература на оваа тема“, вели Перкинс за списанието Dezeen.

Објаснува дека електричната спроводливост на металот го растура зрачењето и дејствува како непробојна заштита. Додава дека секој метал проводник може да се користи, но дека го избрал среброто пред бакарот поради тоа што тоа може да добие зелена боја при контакт со водата.

Сочинувајќи околу 35 отсто од ткаенината, среброто, исто така, го зајакнува материјалот и му дава издржливост. Перкинс појаснува дека сребрените влакна имаат и антимикробни својства и го спречуваат ширењето на бактериите и другите микроорганизми кои предизвикуваат непријатни миризби. Тоа, на пример, го користи британската компанија „Shreddies“ којашто, исто така, дизајнира долна облека, пижами и фармерки кои наводно го спречуваат ширењето непријатна миризба откако оној што ги носи „ќе испушти гас“.

Перкинс минал една година во истражувањето и развојот пред да го лансира својот производ на пазарот. Неговите тестови покажале дека ткн RadiaTex ткаенината штити од 99,9 отсто од зрачењето што се емитира меѓу 100MHz до 2.6GHz, кое ги опфаќа Wi-Fi и 4G сигналите.

извор:Макфакс

Коментари

Популарно