Kино и фитнес-центри во галиите на Вардар

Бродовите во Вардар, освен како ресторани, ќе можат да работат и во други дејности. Дали ќе служат и како хотели, дискотеки, можеби ќе им се дозволи отворање киносала, фитнес-центар или нешто трето, од Град Скопје не кажуваат. Надлежните вчера не беа во можност да појаснат што е тоа што дополнително ќе им се дозволи да го работат сопствениците на бродовите во поставената урбана опрема, пренесува Утрински.

20150825_184618

„Со предложената одлука, во урбаната опрема поставена на кејот на реката Вардар, покрај вршењето угостителска дејност на кејот на реката Вардар се предвидува и вршење на друга дејност, односно дејности. Имајќи го предвид временскиот период за кој е доделено правото на поставување урбана опрема на кејот на Вардар, а со цел да не се ограничуваат субјектите на кои им е доделено правото за поставување урбана опрема за вршење на само една дејност, Советот на Град Скопје со предложената одлука овозможува да се вршат и други дејности“, стои во предлог-одлуката за која гласаа градските советници.

Коментари

Популарно