Топло денеска и преку викендов, но од понеделник...

303220-septemvri-startuva-so-mnogu-toplo-vremeДенеска е петок, 4 септември 2015 година, 247-от ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 117 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот, а ќе зајде во 19 часот и 5 минути.

Денов трае 13 часа и 5 минути.

Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее во 22 часот и 54 минути, а ќе зајде во 12 часот и 28 минути.

Временска прогноза

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб претежно западен ветер и мала локална облачност во планинските региони.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 32 до 38 степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со слаб западен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 37 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

До крајот на неделата ќе се задржи сончево и многу топло време за овој дел од годината. Позначителна промена на времето проследена со засилен ветер, пад на дневната температура и појава на локален дожд се очекува од недела попладне.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Долж Повардарјето се уште ќе се чувствува северниот ветер повремено со умерен интензитет, а дневните температури ќе бидат пониски за околу шест степени од денешниве.

Коментари

Популарно