Реакцијата на Бекам, откако Фергусон рече дека тој не е светска класа

Пред неколку дена во Англија излезе втората книга на легендарниот Алекс Фергусон во која тој пишува дека  тренирал само четворица класа фудбалери, иако во Јунајтед реално гледано ги имаше повеќе од четворица, и токму тоа нешто го прокоментираа многумина.

0000A-Abekam-and-fergie

Меѓу наведените четворица го нема Дејвид Бекам, кој што во минатото беше иконата на „црвените ѓаволи“, но тој уште еднаш покажа само колку е скромен и наместо да се почуствува навреден, или да се налути, тој рече дека тоа не е никаков проблем, и дека се согласува со неговиот некогашен менаџер.

„Воопшто не сум повреден, играв за најголемиот менаџер на сите времиња, имав среќа да играм со фантастични соиграчи и да остварам тимски успех со клубот кој што го сакав и обожавав, и го сакам и понатаму“.

„Се согласувам со менаџерот, некои играчи треба да се нарекуваат светска класа и благодарен сум што имав прилика да играм со некои од нив“, изјавил Дејвид Бекам.

За време на период во Јунајтед, Дејвид Бекам шест пати беше шампион на Англија, освои два ФА купа и ЛШ 1999 година, а во Европа уште играше и за Реал, Милан и ПСЖ.

Коментари

Популарно